Северна Кореја вели дека е во последна фаза на процесот на збогатување на ураниум што би можел да ја донесe чекор поблиску до изработка на нуклеарна бомба.
Во изјавата на државната Корејска централна новинска агенција се наведува дека експерименталното збогатување на ураниум успешно навлегло во завршна фаза. Во неа стои и дека Северна Кореја е подговена и за санкции, и за дијалог со земјите кои се стремат да ја запрат да дојде до нуклеарно оружје. Но, земјата предупредува дека ќе го засили своето нуклеарно одвраќање доколку Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции пред да одлучи да одржи разговори.
Јужнокорејското министерство за одбрана за ваквиот став на Пјонгјанг кажа дека е „особено за жалење“ и најави „строга и конзистентна реакција“.
Американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Босфорт во изјавата дадена во Пекинг искажа загриженост за потегот на Северна Кореја.
Властите во Пјонгјанг во мај годинава извршија подземен тест на нуклеарно оружје засновано на плутониум.