Линкови за пристапност

90-тина загинати во воздушен напад во Авганистан


До 90 лица - многумина од нив цивили - загинале во масовна екплозија на две цистерни со гориво во воздушен напад што НАТО го извршил во петокот наутро во северен Авганистан.

Германските сили повикале американски борбен авион да изврши напад в зори откако ги забележале цистерните што претходно ги грабнале милитанти на Талебан.

Авганистански и НАТО-претставници велат дека возилата со кои управувале милитантите биле на пат кон непозната дестинација кога биле забележани крај речен брег во северната покраина Кундуз.

Според локалните власти, во нападот загинале 56 милитанти на Талебан и голем број на цивили. Властите велат дека локалното население побрзало кон цистерните за да наточи гориво.

НАТО ги истражува наводите за цивилни жртви и генералниот секретар Андерс Фог Расмусен вети сеопфатна истрага.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи издаде изјава во која се вели дека “целењето на цивили е непрофатливо“ и најави дека владино тело ќе изврши истрага за нападот.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изрази загриженост во врска со извештаите за цивилни жртви.

XS
SM
MD
LG