Линкови за пристапност

Мајкл Џексон ќе биде погребан на гробишта каде почиваат холивудски ѕвезди


Поп-иконата Мајкл Џексон конечно ќе биде погребан на „Форест лон“ гробиштата во Лос Анѓелес, попознати како вечно почивалиште на многу славни лица. Неговиот позлатен ковчег ќе биде положен во мавзолеј на гробиштата по церемонија за затворен круг на семејни членови и пријатели. Тој ќе почива до легендарни холивудски ѕвезди како Џин Харлоу, Клерк Гејбл и Керол Ломбард.

Судијата го одобри барањето од мајката на Џексон, Кетрин, трошоците за погребот да се покријат од имотот на Мајкл. Адвокатот за неговиот имот ги опиша трошоците како „исклучителни“, но затоа и рече дека Џексон не беше обична личност.

Популарниот Џеко почина на 25-ти јуни во Лос Анѓелес на 50 годишна возраст. Две недели подоцна во арената Стејплс беше одржана масовна комеморација во негова чест.

По неколкунеделната обдукција, неговата смрт е окарактеризирана како убиство. Медицинскиот вештак заклучи дека тој починал од комбинација на лекови меѓу кои и моќниот анестетик пропофол. Личниот лекар на Џексон, Конрад Мјуреј призна дека на негово барање му дал пропофол и други лекарства неколку часа пред да почине, за да му помогне да заспие. Мјурек поради тоа може да биде обвинет за убиство без предумисла.

XS
SM
MD
LG