Линкови за пристапност

Бајден тврди дека економскиот пакет дава резултати


Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека владиниот пакет за стимулирање на економијата од 787 милијарди долари дава резултати. Пакетот беше усвоен пред неколку месеци, но голем дел парите се` уште не се потрошени. Критичарите тврдат дека тој е гломазен, но Бајден на излагање во Вашингтон кажа дека ја подобрил „траекторијата на нашата економија“.

Ваквата оценка доаѓа во време кога според извештај, услужниот сектор на економијата во август се намалил со помала стапка за разлика од јули и речиси се вратил во правец на растеж. Услужните дејности чинат голем дел од американската економија.

Претходно, владин извештај индицираше дека бројот на новоотпуштени Американци кои се пријавиле за социјална помош забележил благо опаѓање за 4.000 на 570.000 лица, додека бројот на оние кои примаат долгорочна компензација поради невработеност значително нараснал за 92.000 на 6,2 милиони лица.

XS
SM
MD
LG