Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс призна дека има „ограничено време“ да се покаже дека функционира новата воена стратегија за Авганистан, но затоа порекна дека САД се во опасност да загубат во судирот. Гејтс во четвртокот изјави дека не верува дека војната „се пропуштила низ прстите“ на претседателот Барак Обама.
Првиот човек на американската одбрана потсети дека Обама порано годинава одобри засилување од 21.000 војници во Авганистан, но и дека многумина од нив, исто како и цивилните работници, се` уште не пристигнале во земјата. Гектс кажа и дека евентуалните барања за дополнителни заслувања ќе бидат поднесени само откако властите ќе ја разгледаат неодмна извршената проценка на условите во Авганистан.
Началникот на Американскиот здружен генералштаб, адмиралот Мајк Малин кажа дека бројот на авганистанските војници во Авганистан не е толку важен колку како тие се употребуваат за да ги заштитат животите на Авганистанците.