Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад ги отфрли заканите за дополнителни санкции против Иран доколку Техеран не ги испочитува меѓународните барања да прекине со контроверзната нуклеарна програма. Тој изјави дека „повеќе никој не може да му воведе санкции на Иран“.
Иранските медиуми пренесоа и изјава од портпаролот на иранското министерство за надворешни работи во која се вели дека тековните санкции против Иран се неефикасни како „рѓосан меч“. Хасан Ќашкави кажа и дека Иран претпочита дијалог и преговори.
Претставниците на шесте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија, Кина, Франција и Британија, надополнети со Германија, во Франкфурт дискутираа како да извршат притисок врз официјален Техеран за да продолжи со дијалогот за иранските нуклеарни амбиции. Тие размислуваат за воведување на
построги санкции доколку Иран одбие да ја запре програмата за нуклеарниот прцес на збогатување на ураниум. Земјите веќе му понудија трговски поттици на Иран во замена за откажување од програмата.