Линкови за пристапност

Иранскиот парламент одобри 18 членови на новата влада


Иранскиот парламент одобри 18 члена на новата влада што ги кандидираше иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад. Во 21-члениот владин кабинет министер за одбрана ќе биде лице обвинето за вмешаност во бомбашките напади во Аргентина во 1994-та. Ахмад Вахиди, кого Интерпол го бара за нападите врз Еврејскиот ценат во Буенос Аирес во кои загинаа 85 лица, со огромно мнозинство беше избран за прв човек на иранската одбрана.

Неколку членови на кабинетот извикуваа „смрт за Израел“ откако Вахиди доби најмногу гласови од другите кандидати за функцијата.

По првпат од Исламската револуција во 1979-та година, за министер за здравство беше избрана жена - Марзие Вахид Дастџерди, поранешна пратеничка и гинеколог по професија. По изборот таа изјави дека „жените го исполниле својот долгоочекуван сон“.

XS
SM
MD
LG