Линкови за пристапност

Најмалку 49 загинати во земјотресот во Индонезија


Спасувачки екипи во Индонезија трагаат по евентуално преживеани во лизгањето на земјиште предизвикано од силниот земјотрес од средата што однесе најмалку 49 животи. Во потресот беа повредени над 300 лица. Епицентарот на земјотресот што се случи во средата е источно од островот Јава, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Џакарта. Потресот срушил или тешко оштетил преку 700 згради ширум западната покраина на Јава. Во лизгање на земјиштето во селото Цикангкаренг, редица куќи потонале под тони камења и кал. Спасувачките екипи мораа да работат со голи раце бидејќи тешката машинерија за копање се` уште не пристигнала во селото.

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно требаше да го посети селото во четврток. Властите велат дека најголем дел од жртвите загинале поради уривање на покривите и ѕидовите. Американското геолошко здружение јави дека подводниот земјотрес бил на длабочина од 50 километри.

Во 2004-та, над 200.000 лица загинаа кога подводен земјотрес предизвика цунами што погоди неколку земји долж брегот на Индискиот Океан. Преку половина од загинатите беа во иноденизската покраина Ачех.

XS
SM
MD
LG