Линкови за пристапност

Хрватска ќе ја обжали одлуката на австралиски суд за ослободување на српски паравоен командант


Хрватскиот министер за правда Иван Симоновиќ рече дека неговата земја ќе се жали на одлуката на австралиските власти за ослободување на поранешниот српски командант на паравоени единици.

Според хрватската агенција ХИНА, Симоновиќ очекува дека Драган Васиљковиќ евентуално да биде екстрадиран во Хрватска, каде веќе има потерница за одговорност за воени злосторства.

Претходно во средата, австралискиот федерален суд донесе одлука дека Васиљковиќ нема да биде испратен во Хрватска, затоа што судот смета дека нема да добие фер судски процес.

Австралиските власти го уапсија Васиљковиќ во 2006-та, откако Хрватска побара негова екстрадиција. Тој с соочува со обвиненија за мачење и убивање хрватски цивили и воени притвореници за време на балканската војна на почетокот од 1990-та.

XS
SM
MD
LG