Грчкиот премиер Костас Караманлис соопшти планови за предвремени парламентарни избори.
Во говор пренесуван на националната телевизија, грчкиот лидер повика да се „разбистри политичкиот пејсаж“, со цел да продолжат да се имплементираат најважните мерки кои ќе и помогнат на земјата да се справи со економската криза. Тој не прецизираше датум на одржување на изборите, но новинските извештаи индицираат дека изборите може да се одржат во октомври.
Во анкетите, актуелниот премиер од Нова Демократија е зад социјалистичкиот соперник од партијата Пасок.
Популарноста на владејачката партија особено опадна по неодамнешните уништувачки шумски пожари кои зафатија делови од земјата.