Линкови за пристапност

Министрите за финансии на Г-20 расправаат за излезна  стратегија од стимулативните пакети


Економските претставниците од Групата 20 индустријализирани нации ќе се сретнат во петок и сабота да разговараат за ова и за други прашања пред самитот на Г-20 што ќе се одржи во САД подоцна месецов.

Владите на Г-20 бараат координирана стратегија за излез од вонредните стимулативни мерки.

Министрите за финансии во Лондон неделава исто така се очекува да ги поддржат акциите за намалување на бонусите што се исплаќаат на банкарите.

Шведскиот министер за финансии Андерс Борг во среда кажа дека „културата на бонуси мора да прекине“.

Критичарите велат дека тие бонуси охрабруваат ризични потези што им носат штета на компаниите и економијата и дека се клучна причина што економската криза толку бргу се влошила.

XS
SM
MD
LG