Линкови за пристапност

НАТО ќе гo намали присуството во Косово


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен вели дека Алијансата ќе остане на плановите за намалување на военото присуство на Косово и покрај неодамнешните немири.

Најмалку седум лица беа повредени неодамна кога малцинските Срби и мнозинските Албанци се судрија во поделениот северен град Косовска Митровица.
Сепак, Расмусен рече дека „има подобрување на севкупната безбедносна состојба“.

Тој ги потврди плановите за намалување на бројката војници на Косово од 15.000 на 10.000 на почетокот од следната година.

Силите на НАТО се наоѓаат во Косово од 1999-та, кога Алијансата испрати мировници да го спречат етничкиот конфликт.

Косово објави независност од Србија во 2008-ма. САД и други западни држави ја признаа независноста, но Србија и нејзиниот клучен сојузник Русија одбија тоа да го сторат.




XS
SM
MD
LG