Индонезиски официјални лица соопштија дека силен земјотрес во близина на крајбрежјето на најголемиот остров уби најмалку 15 лица, а повредени се 20-тина.
Епицентарот на земјотресот, со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, бил во близина на островот Јава, околу 200 километри југоисточно од главниот град Џакарта.
Земјотресот предизвикал лизгање на земјиште, уништени се десетици домови и евакуирани околу пет илјади лица во области во близина на епицентарот.
Потресот се почувствувал и во Џакарта.
Американското геолошко истражување процени дека земјотресот бил со јачина од 7, 4 степени, но подоцна ги намали проценките на 7.
Беше крената претпазливоста за можни цунами долж крајбрежјето на Јава, што подоцна беше отповикано.