Линкови за пристапност

ОН: Опаѓа производството на опиум во Авганистан


ОН соопшти дека производството на опиум во Авганистан опаднало втора година по ред.

Во извештајот од канцеларијата на ОН за дрога и криминал велат дека одгледувањето на афион има пад од 22 проценти годинава. Од афионот се произведува опиум, главна состојка во хероинот.

Извештајот посочува дека авганистанските земјоделци заработуваат помалку од одгледувањето на афионот и го пренасочуваат производството кон други култури.

Во моментов 123 илјади хектари се користат за одгледување афион, споредено со 157 илјади хектари во 2008-ма.

Одгледувањето на афион бележи уште поголем пад и во провинцијата Хелманд, која се смета за упориште на Талебан.
Американската амбасада во Кабул издаде соопштение во кое се вели дека новата американска стратегија за сузбивање на пазарот со наркотици е фундаментална во уништувањето на бунтовништвото во Авганистан.
Западни официјални лица веруваат дека трговијата со опиум помага во финансирањето на милитантни групи како Талебан.

XS
SM
MD
LG