Линкови за пристапност

Намалените температури и влажноста им помагаат на пожарникарите во Калифорнија


Пожарникарите во западната сојузна држава Калифорнија јавија за напредок во битката со огнената стихија во околината на Лос Анѓелес благодарение на посвежите температури и зголемена влажност.

Но, главниот командант на американската шумска служба Мајк Дитрих, предупреди дека иако временските услови одат во корист на пожарникарите, може да се потребни дополнителни две недели за целосно неутрализирање на пожарите. Тој исто така предупреди дека е можно временските услови да се променат.

Претходно, гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, изјави дека осум големи шумски пожари кои се` уште се активни, опожариле 54 илјади хектари.
Најголемиот пожар зафати повеќе од 50 хектари од неговото избувнување на 26-ти август и предизвика евакуација на илјадници лица, и смрт на најмалку двајца пожарникари.
Американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел изразија сочувство до семејствата на пожарникарите кои загинаа во неделата кога нивниот камион излетал од патот.

XS
SM
MD
LG