Линкови за пристапност

Најмалку 23-ца загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан


Бомбаш-самоубиец детонирал експлозив меѓу толпа луѓе од владини институции во источен Авганистан при што загинале најмалку 23 лица, вклучувајќи го и заменикот-шеф на разузнавањето.

Бомбашкиот напад се случил утринава пред џамија во градот Мехтарлам во провинцијата Лагман, на околу 100 километри источно од Кабул.
Властите се сомневаат дека мета на нападот бил првиот човек на разузнавачките служби, Абдула Лагхами.

Портпаролот на Талебанците ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG