Линкови за пристапност

Најмалку 33 мртви во индонезискиот земјотрес


Индонезиски официјални лица соопштија дека силен земјотрес во близина на крајбрежјето на најголемиот остров уби најмалку 33 лица, а уште повеќе од 300 се повредени.

Епицентарот на земјотресот, со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, бил во близина на островот Јава, околу 200 километри југоисточно од главниот град Џакарта.

Земјотресот предизвикал лизгање на земјиште, уништени се десетици домови и евакуирани околу пет илјади лица во области во близина на епицентарот.
Потресот се почувствувал и во Џакарта.
Според Американската геолошка служба подводниот земјотрес се случил на длабочина од околу 50 километри.

XS
SM
MD
LG