Линкови за пристапност

Во Париз дискусија за Авганистан


Меѓународни пратеници се среќаваат во Париз во среда за разговор во врска со ситуацијата во Авганистан.

Официјални лица велат дека овие дискусии се дел од редовната серија средби меѓу специјалните претставници кои се фокусираат на државата.

Американскиот пратеник Ричард Холбрук и други официјални претставници се очекува да расправаат за неодамнешните избори во Авганистан, меѓу другите прашања.

Во разврска поврзана со ова, племенски лидери во јужен Авганистан ја обвинија полицијата за затворање на гласачките места и полнење на изборните кутии со илјадници гласачки ливчиња во корист на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Весникот Њујорк Тајмс на веб страницата од вторникот вечер цитира гувернер од Шорбак кои велат дека племенските водачи решиле да го поддржат гривалот на Карзаи, Абдула Абдула.


Но гувернерот рекол дека братот на Карзаи, и лидер на провинцискиот совет на Кандахар, Ахмед Вали, ги затворил сите 45 гласачки места во дистриктот на денот на изборите.

Гувернерот и други пламенски лидери тврдат дека близу 24 илјади гласачки ливчиња биле испратени во Кабул од дистриктот Шорбак, и покрај тоа што никому не му било дозволено да гласа.

XS
SM
MD
LG