Линкови за пристапност

Вермонт се приклучи на држави кои дозволуваат истополови бракови


Двојките со ист пол од североисточната сојузна држава Вермонт добија дозвола да склучат брак.

Некои од нив пред олтарот застанаа на полноќ, на 1-ви септември, кога законот стапи на сила.

Вермонт даде зелено светло за склучување на истополови бракови откако законодавците го поништија ветото на гувернерот. Вермонт беше прва сојузна држава која дозволи склучување на истополови бракови преку легислатива, а не со судска одлука.

Меѓу останатите американски сојузни држави во САД кои усвоија закони за склучување на истополови бракови се Ајова, Масачусетс, Конектикат и Њу Хемшир. Законот во Њу Хемшир ќе стапи на сила на 1-ви јануари.

Главниот град на САД, Вашингтон, како административен центар, усвои закон со кој се признаваат истополовите бракови склучени во држави каде тие се легално

XS
SM
MD
LG