Линкови за пристапност

Северна Кореја ги укина пограничните рестрикции со Јужна Кореја


Северна Кореја ги укина ригорозните рестрикции за меѓуграничен сообраќај со Јужна Кореја и го нормализираше сообраќајот од и кон заедничкиот индустрикси парк на Северот.

Портпаролката на јужнокорејското министерство за обединување рече дека границата ќе биде отварана 23 пати на ден за сообраќај од и кон Каесонг. Досега таа беше отварана само шест пати дневно.

Портпаролката појасни дека бројот на луѓе и возила кои ќе ја минуваат границата нема да се ограничувана.

Каесонг е локација каде се наоѓаат 110 јужнокорејски фабрики во кои работат околу 40.000 севернокорејски работници.

Отварањето на граничниот премин за непречен сообраќај е еден од неколкуте гестови што Пјонгјанг во последно време ги направи во обид да ги подобри односите со Сеул.

Односите меѓу двете земји почнаа да се влошуваат на почетокот од минатата година, кога конзервативниот претседател Ли Мунг – Бак ја презеде власта во Јужна Кореја. Пјонгјанг протестираше против тврдата политика на Ли Мунг, како и во однос на нуклеарното разоружување на Северна Кореја.








XS
SM
MD
LG