Линкови за пристапност

Гадафи одбележува 40 години на власт


Либискиот лидер Муамар Гадафи со големи прослави ја одбележува 40-та годишнина од владеењето со земјата.

Улиците на Триполи се празнично осветлени, а портрети на Гадафи се поставени насекаде, од билборди до балони.

На прославите се очекува да присуствуваат и неколкумина светски лидери, вклучувајќи го претседателот на Венецуела Хуго Чавез и пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани. Меѓу другите гости, вклучувајќи некои африкански лидери веќе се наоѓаат во Триполи на средби на Африканската Унија.

Гадафи со години работеше на ја извлече Либија од изолација.

Додека Гадафи и Либијците се подготвуваат да прослават, западните земји и натаму се лути поради неодамнешниот настан, кога единствениот обвинет за бомбашкиот напад врз авионот над Локерби, во Либија беше пречекан како херој.

Шкотскиот суд го ослободи Абдел Басет ал-Меграхи на сочувствителна основа поради тоа што умира од рак.

XS
SM
MD
LG