Линкови за пристапност

Шумските пожари во Калифорнија и натаму беснеат


Властите велат дека пожарникарите нема да имаат целосна контрола врз шумските пожари во јужна Калифорнија до следната недела или по овогодишниот празник Ден на трудот.

Повеќе од 3500 пожарникари се борат со, како што рече еден официјалн претставник, многу бесен пожар, на планините во близина на Лос Анѓелес.

Досега пламените јазици уништија повеќе од 50 згради и повеќе од 42.000 хектари земјиште од кога почнаа на 26-ти август. На повеќе од 12.000 домови им се заканува опожарување во време кога температурите се над 38 целзиусови степени.

Пожарникарите се обидуваат да спречат ширење на пожарите кон Маунт Вилсон, каде се наоѓа историската обсерваторија и десетина телевизиски предаватели. Официјални лица велат дека ако пожарите ја зафатат опремата, може да бидат уништени круцијалните комуникациски постојки.

Властите во Калифорнија засега локализирале само пет проценти од шумските пожари.

XS
SM
MD
LG