Линкови за пристапност

Седум децении од почетокот на Втората светска војна


Официјални лица од Европа и САД беа меѓу илјадниците кои учествуваа на комеморативните свечености во северна Полска, по повод одбележувањето на седум децении од Втората светска војна.

Претходно, полските лидери уште пред зори присуствуваа на церемонијата на полуостровот Вестерплејт кај Гдањск, во 4:45, точното време кога од германскиот брод Шлесвиг-Холстеин беа исфрлани гранати врз мала полска воена постојка, со што и официјално започна Втората светска војна.

Полските политички и верски лидери се потсетија на пожртвуваноста на нивниот народ во борбите против нацистичка Германија.

Во текот на денот се одржаа и други церемонии во Гдањск, за оддавање почит на десете милиони жртви во војната. Меѓу присутните беа и германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот премиер Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG