Линкови за пристапност

Подобри информации за справување со климатските промени


Околу 2500 креирачи на политиката и научници од 150 земји во светот присуствуваат на третата конференција за климатските промени, чија цел е да им помогне на државите да се справат со досега најлошите ефекти од климатските промени.

Петдневната средба, која ја организираше Светската метеоролошка организација, има предлог-план да обезбеди објективни и навремени информации, кои може да се применат во екстремни временски услови кои се очекуваат со глобалното затоплување.

Научниците предупредија дека климатските промени ќе водат кон покачување на морското ниво, уништувачки поплави и урагани, подолготрајни суши и други временски феномени. Тие велат дека секој економско-социјален сектор ќе биде погоден и никој нема да биде поштеден.

Досега, земјите беа фокусирани на климатските промени врзани со намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата. Ова е прва глобална конференција која има цел да се справи со проблемите кои резултираа од климатските промени и да развие стратегии да им се помогне на земјите да ги адаптираат промените.

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Мајкл Џарауд, вели дека конференција работи на план за зајакнување на глобалната набљудувачка мрежа за подобрување на климатските предвидувања. Но, предвидувањата не се доволни.

Тој вели дека информациите мора да бидат изработени по мерка на разни сектори. На пример, тој вели дека здравствените потреби кои ќе уследат од климатските промени не се исти како оние од фармерите.

Делегатите велат дека климатските промени се глобален проблем и може да бидат решени само глобално. Богатите држави зависат од сиромашните во обезбедување точни информации за временските услови. Значи, критично е да се зајакнат набљудувачките системи во развиени земји.

Политичката клима на Конференција кон промени е подобрена. САД испратија голема делегација да учествува на конференцијата.

Шербурни Абот е заменик-директор за политиката кон природната средина, науката и технологијата при Белата куќа. Таа вели дека климатските промени се главен приоритет на администрацијата на Обама.
„Претседателот Обама изрази јасна определеност за револуција на начинот на кој користиме енергија, вклучувајќи го и долгорочниот тренд на намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата, како и заложба за развој на технологија за обновлива енергија„.

Сепак, на крајот од декември, на конференцијата во Копенхаген, сите држави треба да ги надминат разликите и постигнат заеднички договор за климатските промени, кој треба да го замени протоколот од Кјото од 1997-ма, за намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата.

XS
SM
MD
LG