Линкови за пристапност

Завршена ревизијата на стратегијата за Авганистан


Американскиот армиски генерал Стенли МекКристол вели дека ситуацијата во Авганистан е сериозна, но дека може да се постигне успех и дека мора да се направат стратешки измени.

Други детали во овој момент не се достапни.

Претседателот Барак Обама побара целосно ревидирање на американската стратегија во Пакистан и Авганистан за справување со растечкото бунтовништво на Талебан и на милитантите на ал-Каида.

Порано месецов, командантот на здружениот генерал штаб, адмиралот Мајк Мулен, кажа дека верува оти ситуацијата во Авганистан е сериозна и дека се влошува.

Минатата недела и Њујорк тајмс извести дека командантите на американската армија во мисијата на НАТО во Авганистан кажале оти немаат доволно трупи да ја вршат работата за која се испратени таму.

Весникот не ги идентификува изворите, но кажа дека командантите при неодамнешна средба со специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук, нагласиле дека имаат потреба од повеќе војници.

XS
SM
MD
LG