Линкови за пристапност

Далај Лама ја фали демократијата во Тајван


Далај Лама во понеделникот ја пофали демократијата во Тајван и покрај ветувањата дека ќе се држи настрана од политички коментари за време на петдневната турнеја во регионот, чија цел е да да им пружи утеха на жртвите на тајфунот Моракот.

Тибетскиот духовен лидер во егзил, истакна дека Тајван треба да гради поблиски односи со Кина, но истовремено да ужива и демократски услови.

Далај Лама ја предводеше молитвата во селото Ксио Лин, кое беше опустошено од лизгањето на земјиштето по тајфунот што го зафати Тајван порано месецов. Поголемиот дел од, според проценките, 500-те жртви од невремето во ова село, и натаму се затрупани.

Во меѓувреме, група демонстранти рекоа дека посетата на духовниот лидер на Тајван не резултирала со никаква утеха. Далај Лама истакна дека протестите се „показател за слободата на изразување“ во Тајван како демократско општество.

XS
SM
MD
LG