Астронаутите од американскиот спејс-шатл Дискавери имаат голема работа пред себе неделава откако се прикачија на Меѓународната вселенска станица.
Американската вселенска агенција - НАСА јави дека двете вселенски летала ќе останат заедно повеќе од една недела – време кога астронаутите ќе изведат три вселенски прошетки за одржување на станицата.
НАСА најави дека првата вселенската прошетка е закажана за утре.
Астронаутите Никол Скот и Дени Оливас ќе почнат да работат на заменување на резервоарот со амонијак. Тие исто така планираат да извршат два експерименти надвор од вселенската станица.
НАСА вели дека новиот резервоар за амонијак, тежок 800 килограми, е најтешкиот дел со кој ракувале астронаути од изградбата на Меѓународната вселенска станица до денес.
Иако објектите во вселената се бестежински, тие се уште имаат маса, која може да го отежни начинот на движење големи предмети во орбитата.