Линкови за пристапност

Бурмиските бегалци во Кина почнаа да се враќаат дома


Кинеските власти јавија дека бегалците кои ја преминале границата поради вооружените судири во североисточна Бурма почнале да се враќаат во својата земја, иако многумина се уште стравуваат од бурмиската армија.

Бегалците кои беа интервјуирани од медиумите велат дека не веруваат на тврдењата на Бурма дека насилството е под контрола и се` уште стравуваат да се вратат во своите домови.

Бурмиските власти велат дека ситуацијата се вратила во нормална состојба долж северозападната граница со Кина, по деновите на престрелки меѓу бурмиските војници и кинеските етнички паравојници од групацијата Коканг.

Воениот режим на Бурма јави дека во престрелките загинале 26 војници и осуммина бунтовници и оти про-бурмиската администрација ја презела контролата во областа.

Агенцијата на ОН за бегалци јави дека 30.000 лица ја преминале границата со Кина со цел да ги избегнат борбите.

XS
SM
MD
LG