Линкови за пристапност

Нема изгледи дека спорот за името наскоро ќе биде решен


Во последните изјави официјални претставици на Грција и Македонија повторно се обвинија еден со друг поради тапкањето во место на целиот процес за изнаоѓање на решение.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ја обвини Атина дека нема намера да прифати решение и дека спорот ќе го искористи за да стави вето овој пат на почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Како одговор на ова, генералниот секретар на грчкото МНР, пак, вели дека Скопје не престанува со провокации наведувајки дека по именувањето на аеродромот Александар Македонски сега стадионот во Скопје добил име Филип втори. Инаку, двете влади во меѓусебните обвинувања не се изјаснуваат поконкретно околу предлозите на медијаторот Метју Нимиц.

Според оценките на аналитичарите двете страни се обидуваат да купат време, а притоа да не добијат етикета од мегународите фактори дека се неконструктивни во процесот.

Ставот на Владата за последниот пакет идеи на посредникот Метју Нимиц е конструктивен заради подобрување на имиџот на Македонија пред објавувањето на извештајот на Европската комисија, од кој Владата очекува препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави советникот на шефот на државата Димитар Мирчев, додавајки при тоа дека, сепак иако има индиции за забрзување на преговорите, тој не верува дека наскоро ке дојде до решение.

Оваа изјава на Мирчев беше протолкувана дека Скопје не сака решение туку само време во кое ке се престави како конструктивен партнер што пак е важно за тоа дали еврократијата во новиот годишен извештај на ЕК, кој ке биде објавен во средината на октомври, ке препорача или не отварање на преговори за членство.Со цел да обезбеди позитивен сигнал на Брисел ,Владата вчера објави дека во седиштето на ЕУ ке испрати специјален пратеник чија задача ке биде да ги убеди еврократите дека Македонија ги исполнила условите за добивање на датум за преговори.

Од своја страна, грчката министерка за надвореши работи изјави дека наредните шест месеци се клучни за процесот за решавање на спорот. Сепак, оценките на македонските како и на грчките аналитичари се дека владата на Караманлис не е подготвена да прифати компромис - кога на грчката полтичка сцена се водат битките за тоа дали предвремените избори во таа земја ке се одржат во октомври или во март наредната година.

Сепак, официјална Атина не сака да го изгуби имиџот на конструктивен партнер во процесот кој го имаше досега.

Во овие политички констелации, се предвидува дека Македонија во октомври ке ја добие препораката за почеток на преговори од ЕК, но не и одреден датум за тоа кога тие преговори би почнале.Тоа ќе му се остави на Советот на министрите на ЕУ, во кој Грција има свој збор но и свои приврзаници.

XS
SM
MD
LG