Линкови за пристапност

Јапонија:  Започна процесот на формирање нова влада


Наредниот премиер на Јапонија ги отпочна преговорите за формирање на нова влада, откако опозициската Демократска партија на Јапонија победи на парламентарните избори во неделата.

Опозицискиот лидер Јукио Хатојама одржа серија средби за можни министри во владиниот кабинет, откако неговата партија освои 308 од 480-те места во влијателниот Долен дом на парламентот, што го избира премиерот.

Демократската партија на Јапонија веќе го контролира Горниот дом на парламентот. Победата на изборите стави крај на 55-те години речиси непрекинато владеење на владејачката Либерална демократска партија.

Јапонскиот премиер Таро Асо ја прифати одговорноста за загубените избори на неговата партија и во понеделникот соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Либералната демократска партија. Партијата и натаму ќе има 119 места во Долниот дом на парламентот.

Хатојама и неговата Демократска партија на Јапонија најавија промени во јапонската политика, со давање помал приоритет на корпорациите и помагање на семејствата со исплата на детски додатоци.

XS
SM
MD
LG