Линкови за пристапност

Уметноста на мозаиците и натаму привлечна


Од ерата на Месопотамија, преку Ренесансата, па се` до денес, уметноста на мозаиците и натаму е привлечна. Ја има насекаде, па и на улиците.

„Има многу луѓе кои немаат пријатели, можно е да се многу осамени, тоа е дел од начинот на живот во Њујорк. Јас не сум еден од нив. Сум сретнал повеќе од еден милион луѓе“, вели Џим Пауер, познат како Човекот што прави учични мозаици и еден од најголемите поборници на овој вид на уметност. Пауер станал составен дел од источна страна на Њујорк, едноставно не може да се избегнат неговите мозаици кои се однесуваат на луѓе, веб-страници, локации, бизниси.

„Си дадов задача да ја променам насоката на глобалната уметност – преку правење мозаици од отпад или рециклиран материјал“, вели тој.

Пауер раскажува дека од 1987-ма живее на Менхентн и оти се откажал од плата од 8.000 долари месечно, само за да прави мозаици на улица.

Како хиероглифското писмо, мозаиците на Џим се изградени да траат и безбедни се за интеракција на луѓето со нив.

На некои од мозаиците, Пауер им оддава почит на загинатите. Ја прикажува и историјата од 11-ти септември, преку креирање пораки за оние кои ги загубија животите.
Себе си се нарекува раскажувач на историјата.

„Креирам многу историја во овие нешта кои на некој начин не` поврзуваат“, вели тој.

Пауер е свесен дека неговата работа нема смисол без јавноста. Без неа, вели, би било само уште парче труд оставено некаде. Овиј уметник дошол овде за да направи нешто. И додека сите се прашуваат што прават на оваа планета, Пауер вели дека го знае одговорот за себе. Овде е да работи. Нема друг избор.

XS
SM
MD
LG