Линкови за пристапност

Ахмадинеџад се залага за судска постапка против опозиционите лидери


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повика на спроведување на судска постапка против опозиционите лидери кои ги предводеле немирите по неговиот реизбор на функцијата во јуни.

Во говорот во петокот пренесуван на националната телевизија, Ахмадинеџад истакна дека опозиционите лидери треба да бидат соочени со „сериозна конфронтација“ и да се сметаат за одговорни за, како што кажа, „изведувањето на непријателскиот план“.

Илјадници Иранци беа уапсени за наводен протест поради за реизборот на претседателот Ахмадинеџад. Многумина од нив се соочуваат со судски постапки за кривични дела против државата.

Еден од притворените, влијателниот ирански адвокат за човекови права, Абдолфата Солтани, во средата беше ослободен со кауција. Тој изјави дека планира да поднесе тужби против судиите и обвинителите кои го притвориле.

XS
SM
MD
LG