Сенаторот Тед Кенеди ќе биде погребан утре на Националните гробишта Арлингтон, во близина на Вашингтон.
Веќе втор ден, илјадници лица минуваат покрај ковчегот на сенаторот Тед Кенеди, поставен во библиотеката и музеј на неговиот брат, поранешниот американски претседател Џон Кенеди. Ожалостените му оддаваат последна почит на овој влијателен законодавец и последен член на генерацијата Кенеди, вклучен во политиката.
Во библиотеката за денеска е планирана и приватна служба.
Долгогодишниот сенатор од редовите на Демократската партија почина во вторникот, откако ја загуби битката со тумур на мозокот.
Претседателот Барак Обама за време на утрешната миса во Бостон ќе одржи почесен говор. Сенаторот Тед Кенеди ќе биде погребан утре на Националните гробишта Арлингтон, во близина на Вашингтон.