Линкови за пристапност

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за повторно обединување на семејства


Северна и Јужна Кореја се согласија да одржат нова рунда за повторно обединување за раздвоени семејства – прва таква средба во речиси две години.

Двете држави постигнаа договор во петок по тридневните разговори во севернокорејското одмаралиште Монт Кунганг. Обете страни се договорија да одржат шест дена на привремено обединување во кое бидат вклучени 200 семејства.
Процесот на обединување ќе почне на 26-ти септември – еден ден пред почетокот на еден од најзначајните празници за Кореја.

Договорот е последен знак за намалување на тензиите меѓу двете страни по речиси едногодишно заладување на односите и меѓусебни непријателски акти. Последен пат повторното обединување на семејствата се случи во октомври пред две години.

Неколку часа пред постигнувањето на договор, јужнокорејското Министерство за обединување најави дека Пјонгјанг ќе ги ослободи четворицата рибари кои беа приведени од севернокорејска крајбрежна стража откако нивниот брод преминал во тероторијалните води на Северот. Јужна Кореја соопшти дека расипаниот навигационен систем на бродот е причина за влегувањето на територијалните води на соседот.

XS
SM
MD
LG