Линкови за пристапност

Холбрук и Карзаи размениле остри коментари за изборниот процес во Авганистан


Приватната средба меѓу актуелниот претседател Хамид Карзаи и специјалниот американски пратеник Ричард Холбрук добила непријатна атмосфера кога Холбрук го покренал прашањето за информации за измама и лажирање на гласачки ливчиња на неодамнешните избори во Авганистан.

Официјални американски лица потсетуваат дека еден ден по одржувањето на претседателските избори на 20-ти август, Холбрук го повикал Карзаи да “го почитува изборниот процес“, како конечниот исходот, така и евентуалниот втор круг на гласање, ако е потребно. Официјален претставник рече дека Карзаи со негодување ја примил забелешката на Холбрук.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент ги демантираше извештаите дека Казаи заминал од средбата. Таа ги повтори претходните извештаи на администрацијата на САД за неутралност при исходот во изборниот процес.

Хамид Карзаи има силна поддршка од САД, но таа опаѓа во последно време.
Во четвртокот, американскиот Стејт департмент изрази загриженост за извештаите дека еден од потпретседателските кандидати на Карзаи е инволиран во трговија со дрога.

XS
SM
MD
LG