Линкови за пристапност

Бразил со најголем број смртни случаи од свински грип


Бразилското Министерство за здравство вели дека во земјата е регистриран најголем број смртни случаи од свински грип.

Од Министерството додаваат дека помеѓу април и август годинава од свински грип починале 557 лица. Бразилското Министерство за здравство го објави најновиот извештај базиран на податоците од Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Во извештајот стои дека САД се на второ место, со 522 смртни случаи, а трета е Аргентина, со 439 жртви.

Во меѓувреме, Организацијата за храна и земјоделие при ОН соопшти дека свински грип неодамна бил регистриран кај мисирки во Чиле, со што лесно може да се пренесе и на друга живина. Од организацијата додаваат дека вирусот може да биде мошне опасен доколку се комбинира со птичјиот грип.

XS
SM
MD
LG