Линкови за пристапност

Самоубиствен бомбашки напад во Пакистан


Безбедносни претставници во Пакистан соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад во северозападниот дел на земјата, загинале најмалку 18 лица, од кои повеќето полицајци.

Нападот се случил во регионот Кајбер, близу границата со Авганистан.

Владин претставник кажа дека бомбашот го активирал експлозивот во близина на група полицајци во градот Торкам, кои се подготвувале да вечераат по целодневниот пост по повод Рамазан.

Претходно, властите соопштија дека најверојатно американско беспилотно летало усмртило шестмина милитанти во јужниот племенски регион Вазиристан.

Вчера во истиот регион, пакистански воени хелихоптери нападнале цели на Талебан долж границата со Авганистан.

Новиот лидер на Талебан во Пакистан, Хакимула Мехсуд, вети дека ќе им се одмазди на САД за смртта на нивниот последен командант. Порано месецов Баитула Месуд беше убиен од американско беспилотно летало.

XS
SM
MD
LG