Линкови за пристапност

Германија го предупредува Иран од нови санкции


Германската канцеларка Ангела Меркел врши притисок врз Иран да ги продолжи разговорите за спорната нуклеарна програма или да се соочи со нови санкции.

Таа денеска истакна дека би се разгледувале поостри санкции спрема Иран и тоа во енергетскиот и финансискиот сектор, доколку земјата не се согласи до септември да седне на преговарачката маса.

САД и останатите западни земји веруваат дека Иран произведува нуклеарна бомба, но Техеран тврди дека се залага за поседување на нуклеарна енергија.

Меркел денеска во Берлин се сретна со израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху, чија земја Иран го смета за најголема закана.

Нетанијаху подвлече дека спрема оние кои повикуваат на уништување на еврејската држава, не смее да не се постават предизвици.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повика Израел да биде избришан од картата на светот.

XS
SM
MD
LG