Во иранскиот главен град ожалостени лица ја одбележаа смртта на ирачкиот шиитски лидер Абдул Азиз ал-Хаким, кој почина во болница во Техеран.
59-годишниот ал-Хаким се лекуваше од рак на белите дробови.
Ковчегот со неговото тело ќе биде пренесено во ирачката амбасада во Техеран и оттаму ќе биде префрлено во светиот шиитски град Наџаф во Ирак, каде ќе биде погребан.
Официјални лица од САД и од Иран на семејството на ал-Хаким му изразија сочуство за неговата смрт.
Белата куќа издаде соопштение во кое изрази жалење за смртта на Хаким и подвлече дека тој играл важна улога во ирачката историја.
Во соопштение од иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Каменеи, се изразува голема тага за неговата смрт и се оддава признание за улогата на ал-Хаким во формирањето на национална влада во Ирак.