Линкови за пристапност

Јужна Кореја врши притисок врз Северна Кореја за соединувања на семејствата


Јужна Кореја ја повикува Северна Кореја да дозволи повторните средби на семејства од обете земји кои се одвоени веќе половина век, да се одржуваат на регуларна основа.

Во разговорите меѓу делегации на Црвениот крст од Северна и Јужна Кореја, официјалните лица од Јужна Кореја ги повикаа претставниците на својот северен сосед, овие настани да се одржуваат повеќекратно.

Обете страни се среќаваат во Северна Кореја и се чини дека имаат напредок кон постигнување на договор во најмала рака да ги организираат средбите подоцна годинава.

Јужнокорејските медиуми соопштија дека двете страни допрва треба да се договорат за датумите кога Јужнокорејците ќе можат да се сретнат со членовите на нивните семејства кои живеат во Северна Кореја. Последен пат ваквви средби беа организирани пред две години, пред повторното заладување на односите меѓу Сеул и Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG