Резултатот е видлив – долги редици. Во САД, градските улични продавачи на храна вообичаено имаат една локација.
Но, овој киоск на индиска храна, „Фоџол Брадрс“, може да се види на неколку места во Вашингтон во текот на денот.
Ричард Јост е редовен муштерија.
„ Храната е мошне добра. Голем љубител сум на индиска кујна, а во околината нема многу избор да купите нешто брзо и лесно за ручек. За цената што ја нудат, одлични се.
Предноста е што сите заинтересирни за понудата на „Фоџол Брадрс“, можат да ги најдат преку веб страниците за социјализирање.
Лорен Шекпер е уште еден нивни редовен муштерија. Таа чита на Твитер:
„Ќе бидеме на Фарагот Сквер од 11:45 до 2:30, дојдете.“
Ко-сопственикот на „Фоџол Брадрс“, Питер Корбел вели дека Интернетот им отворил нови можности.
„Вашингтон е меѓународен град и за жал не постои улична храна што би го претставувала светот. Нашата идеја е да понудиме храна со пристапни цени.“
Од овој камион се продава замрзнат сладок јогурт и е наречен „Свитфлоу Мобајл“. И неговиот сопственик ги информира своите муштерии преку Твитер.
За муштериите, пак, ова е начин да дознаат каде и кога да го најдат својот омилен десерт.
Директорот на „Свитфлоу Мобајл“, Тим Нунан, вели дека користа е двострана зашто и тој дознава каде муштериите сакаат да биде.
„Возиме низ градот, испраќаме порака каде ќе се стационираме, остануваме таму еден до два часа, а потоа одиме понатаму. Муштериите можат да ни предложат каде да дојдеме. Тоа е двонасочна врска.“
Уште една корист од мрежите за социјализирање.