Линкови за пристапност

Тојота го намалува производството


Најголемиот светски автопроизводител во светот се подготвува за намалување на производството во една од неговите главни фабрики во обид да ги намали трошоците и повторно да почне да работи со добивка.

Како многу авто-производители, и јапонскиот гигант Тојота беше тешко погоден од глобалната рецесија и намалената побарувачка за автомобили и камиони.

Портпаролот на Тојота рече дека компанијата ќе го запре производството во две фабрики во централна Јапонија на почетокот од следната година. Околу 1700 работници ќе бидат отпуштени или прераспоредени во други фабрики.

Извршните директори велат дека сакаат да ја затворат заедничката фабрика со Џенерал Моторс во сојузната држава Калифорнија и ја разгледуваат можноста за затварање на фабрика во Британија – чекор што ќе донесе намалување на глобалното производство за еден милион автомобили, или 10 проценти од капацитетот на автогигантот.

Изминатиот мај, од Тојота признаа дека забележиле најлоши финансиски резултати во нивната 72-годишна историја.

Во меѓувреме, разговорите меѓу Џи-Ем и германски официјални лица за судбината на Опел и околу 25.000 работни места најверојатно ќе продолжат в петок.

XS
SM
MD
LG