Линкови за пристапност

Русија распореди одбранбени проектили на границата со Северна Кореја


Виш руски генерал рече дека неговата земја распоредила напреден систем за пресретнување проектили во близина на границата со Северна Кореја, како одговор на неодамнешното тестирање на нуклеарно оружје и проектили од страна на Пјонгјанг.

Шефот на рускиот генералштаб, генералот Николај Макаров, рече дека неговата земја е загрижена за условите под кои Северна Кореја го врши тестирањето. Тој рече дека тоа е причината зошто Русија распоредила систем за пресретнување проектили од типот С-400 во близина на границата. Макаров зборуваше со новинарите додека го придружуваше рускиот претседател Дмитри Медведев при посетата на Монголија.

Во друг развој на настаните, Макаров рече дека неговата земја ќе продолжи да развива проектили кои се лансираат од море од типот Булава и покрај досегашните неуспешни обиди. Тој рече дека армијата не може да користи проектили Синева од советската ера, затоа што тоа би значело реновирање на целата нова класа на скапи подморници.

Проектилот од типот Булава е верзија на проектилот Топол-м, кој се лансира од море и може да носи 10 боеви глави.

XS
SM
MD
LG