Линкови за пристапност

Карзаи води според првичните резултати од изборите во Авганистан


Првичните и нецелосни резултати од авганистанските претседателски избори покажуваат водство на актуелниот претседател Хамид Карзаи пред главниот ривал, поранешниот шеф на дипломатијата Абдула Абдула.

Независната изборна комисија најави дека Карзаи има освоено околу 42 проценти од преброените гласови, додека Абдула има 33 проценти. Ова се резултатите од само 17 отсто од сите гласачки ливчиња и е прерано да се предвиди конечниот исход од изборите.

Во меѓувреме, обвинувања за лажирање на гласањето покренаа прашања за регуларноста на изборите.

Абдула обвини дека има милиони неважечки ливчиња, тврди дека има снимки и документи што тоа можат да го докажат. Тој ги повика приврзаниците да се воздржат од насилство.

Конечните резултати се очекуваат најрано на 3-ти септември.

Ако ниту еден од кандидати не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг на гласање.

XS
SM
MD
LG