Линкови за пристапност

Обама изрази жалење за смртта на Кенеди


Американскиот претседател рече дека починатиот сенатор Кенеди бил „исклучителен лидер“ и еден од „најуспешните Американци“ кој воопшто служеле на државата.

Обама рече дека работата на Кенеди во Конгресот им обозможила на Американците да работат на остварување на сонот за нација на еднаквост и правда за сите. Обама, кој е првиот Афро-американски претседател, подвлече дека и самиот имал голема корист од работата на Кенеди.

Претседателот го опиша Кенеди како „единствена фигура“ во американската историја и рече дека неговите идеи и идеали се претопиле во закони кои, пак, се одразиле врз животите на милиони луѓе.

Обама зборуваше од одмаралиштето на островот Мартас Винјард, во Масачусетс, во близина на домот на Кенеди во Хијанис Порт, каде почина американскиот сенатор.

Потпретседателот Џо Бајден, кој беше американски сенатор заедно со Кенеди со децении, рече дека сенаторот од Масачусетс го минал животот работејќи за поправедна Америка. Бајден рече дека нема да станел потпретседател ако не бил Кенеди, кој му помогнал да биде избран за сенатор на почетокот од 1970-тите.

XS
SM
MD
LG