Линкови за пристапност

Наплив од реакции по смртта на сенаторот


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека починатиот американски сенатор Едвард Кенеди бил „најголем американски сенатор на нашето време“.

Во писмено соопштиние од Белата куќа, Обама вели дека тој и сопругата Мишел силно ги погодла веста за смртта на Кенеди. Претседателот вели дека ги ценел мудрите совети што постариот сенатор му ги давал додека обајцата служеле во Конгресот и изрази благодарност за клучната поддршка на Кенеди за време на претседателската кампања во 2008-ма.

Обама е на одмор со семејствотона островот Мартас Винјард, во Масачусетс, во близина на домот на Кенедиеви во Хајанис Порт, каде сенаторот почина.

Ненси Реган, вдовицата од починатиот американски претседател Роналд Реган, рече дека Кенеди го сметала за „сојузник и драг пријател“. Реган, чиј сопруг е херој за конзервативните републиканци, рече дека и покрај нејзините политички разлики со либералниот демократ, тие пронашле заедничка основа по прашањето за истражувања со клетки што поттикнуваат развој.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид, рече дека му било „најголемо животно задоволство“ да работи со Кенеди, нарекувајќи го „патријарх“ во Сенатот.

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој е оженет со внуката на Кенеди, Марија Шрајвер, Кенеди го нарече, „столб на семејството“ и шампион за социјалната правда.

Мајката на Шрајвер и постарата сестра на Едвард Кенеди, Јунис Кенеди Шрајвер, почина порано месецов.

Британскиот премиер Гордон Браун прв меѓу странските лидери изрази почит за Кенеди, велејќи дека по сенаторот ќе има жалење „на секој континент“, како по лидер за образованието на децата и здравствената заштита.

Австралискиот премиер Кевин Руд го окарактеризира Кенеди како голем Американец и пријател на Австралија, кој направил исклучителен продонес на улогата на Америка во светот.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху Едвард Кенеди го нарече „пријател од 30 години“ и „голем поборник за подобар свет“, како и голем пријател на Израел.

XS
SM
MD
LG