Линкови за пристапност

Специјални избори за наследник на Кенеди 


Специјални избори ќе се одржат во североисточната сојузна држава Масачусетс на кои треба да се избере наследник на починатиот сенатор Едвард Кенеди.

Повеќето сојузни држави му дозволуваат на гувернерот да назначи привремена замена во случај да се ослободи сенатското место. Но, легислативното тело на Масачусетс што е под контрола на демократите, во 2004-та го смени законот и сега бара одржување специјални избори во рок од 145 до 160 денови по испразнувањето на местото. Демократските лидери вршеа притисок за усвојување на законот откако сенаторот Џон Кери победи на демократската претседателска номинација истата година.

Законодавците стравуваа дека тогашниот републикански гувернер Мит Ромни ќе именува републиканец да го замени Кери, ако го победеше тогашниот претседател Џорџ Буш.

Минатиот месец, сенаторот Кенеди напиша писмо до државните законодавци во кое ги повика да му дадат овластувања на актуелниот гувернер Дивел Патрик да назначи привремен наследник во случај тој да мора да го ослободи своето место.

XS
SM
MD
LG