Линкови за пристапност

Со продажба на Опел – опасност од губење нови работни места


Германски и претставници на Џенерал моторс се сретнаа во вторникот на разговори за судбината на европската единица Опел на американскиот автопроизводител, како и за перспективата на десетиците илјади вработени, откако во новински извештаи беа цитирани претставници на ЏиЕм, кои велат дека постои можност и да се избегне продажбата.

Германија се залага Џенерал моторс да го продаде Опел на група предводена од канадската компанија Магна интернешнал и руска банка во државна сопственост, бидејќи со тој чекор би се сочувале повеќе работни места. Германските претставници и работничките лидери стравуваат дека два од четирите погони на Опел ќе се затворат доколку не успее договорот со Магна.

Џенерал моторс прогласи банкротство во јуни и најави дека планира да го продаде Опел, но претставниците на компанијата изминатиов петок не го исполнија рокот за да изберат купец.

XS
SM
MD
LG