Линкови за пристапност

Ал-Каида ја презеде одговорноста за најновите напади во Багдад


Ал-Каида ја презеде одговорноста за минатонеделните два напада со камиони бомби во Багдад, при што загинаа преку 100, а беа повредени 500 лица.

Во соопштение објавено на веб страница поврзана со ал-Каида, се вели дека цел на нападите биле Министерствата за финансии, одбрана и за надворешни работи во централен Багдад.

Ирачката влада одговорноста за нападите ја припишува на партијата Баат во Сирија. Во вторникот, ирачките власти го отповикаа ирачкиот амбасадор во Дамаск и им наредија на сириските власти да ги предадат двете лица по кои се трага заради поврзаност со нападите. Сирија на ова одговори со отповикување на својот амбасадор од Ирак, повикувајќи ги ирачките власти да обезбедат докази за нивните тврдења.

Нападите беа најсмртоносните напади откако американските сили се повлекоа од урбаните центри во Ирак кон крајот на јуни.

XS
SM
MD
LG