Литванскиот претседател Далиа Грубаускаит соопшти дека неговата земја ќе спроведе истрага по наводите дека на нејзина територија постоел таен затвор на американската Централна разузнавачка агенција за осомничени терористи.
Телевизијата Еј-Би-Си минатата недела цитираше неименувани извори на ЦИА, дека Литванија обезбедила објекти за притворање и испрашување на лица осомничени за тероризам.
Претседателот Грубаускаит за новинарите во Брисел изјави дека во моментов нема потврда за информациите во тој извештај, но истакна дека Литванија ќе го истражи случајот.
Литванскиот поранешен претседател и поранешниот премиер ги порекнуваат информациите за постоење на такви објекти.
Во новинскиот извештај се цитираат извори на ЦИА, кои велат дека затворот бил лоциран во предградие на Вилнус, каде биле држени осомничени терористи се до крајот на 2005 година.
Во меѓувреме, групата за заштита на човековите права, Амнести интернешнал во вторникот ја повика Ирска да спроведе истрага за наводното користење на нејзиниот аеродром Шанон за летови на ЦИА преку кои се пренесувале осомничени за тероризам.